Слот има остварување како Мурињо, Анчелоти и Конте! (ФОТО)

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот фантастично ја почна својата авантура во англискиот тим, а според една статистика тој стана како тројцата тренерски великани.

Арне Слот е само четвртиот тренер кој бил на врвот во Премиерлигата на Божиќ во својата деби сезона во ова натпреварување.

Претходно тоа им успеало само уште на Жозе Мурињо во 2004/05, Карло Анчелоти 2009/10 и Антонио Конте 2016/17. Сите тие ја освоиле лигата таа сезона.