Незапирливиот Синер ја однесе Италија во полуфинале на Дејвис Купот

Тениската репрезентација на Италија се пласира во полуфиналето на Дејвис Купот, а најзаслужен за тоа беше првиот тенисер во светот, Јаник Синер.

Италијанците триумфираа со 2-1 во четвртфиналето во Малага против Аргентина. Најпрво поен за Аргентинците освои Франциско Серундоло со победата против Лоренцо Музети (6-4 и 6-1), а потоа Синер го декласира Себастијан Баес со 6-2 и 6-1.

Патникот во полуфинале се решаваше со дуелот во двојки, каде што Синер повторно се појави на теренот, иако не требаше да игра на мечот, па заедно со Матео Беретини ги нокаутира Максимо Гонзалес и Андрес Молтени.

Последниот дуел во четвртфиналето на Дејвис купот се игра меѓу Холандија и Германија.