Пол се налути: Тие што зборуваат дека борбата била наместена се глупави идиоти!

Помина речиси една недела, но и понатаму тема во јавноста е борбата помеѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол која заврши со одлука на судиите и победа на далеку помладиот Пол.

Но, коментарите за прикажаното од двајцата во рингот во главно беа негативни и поголем дел од јавноста смета дека се било само наместено и режирано шоу.

Таквите коментари го налутија 27-годишниот Пол кој одлучи да одговори.

„Луѓето сакаа сама да изгубам. Само така ќе беа среќни. Ова е според, бевме во рингот и се боревме. Понекогаш во НФЛ натпреварите завршуваат со само десет поени и тоа е здодевно, па не е наместено. Тие што зборуваат дека борбата била наместена се глупави идиоти. Не ја разбираат мојата сила, мојата директност и брзина, како и способноста да ги избегнувам ударите. Поради тоа Мајк ме промашуваше“, изјави Пол.