Премиерлигата ги промени правилата поради богатите газди
Промената се однесува на правилата кои ги регулираат спонзорските договори постигнати со компании поврзани со сопствениците на клубовите, со цел да се осигура дека соработките ќе претставуваат реална пазарна вредност, односно газдите во име на компаниите нема да можат да потпишуваат огромни спонзорски договори.
Арбитражната комисија во јуни реши дека тие правила не се во рамки со слободната конкуренција и пазарот, па делуваше дека Манчестер сити ќе го добие спорот, но Премиерлигата изгласа одредени промени за спонзорствата.
За менување на правилата беа потребни две третини од гласовите, односно 14 клубови, но „ЗА“ овој пат гласаа дури 16 екипи. Додека на страната на „граѓаните“ беа само три екипи, и тоа Астон вила, Нотингем Форест и Њукасл.