Македонија загуби од Хрватска на стартот на „Кроација Куп“
Македонските ракометарки не можеа да ѝ парираат на моќната Хрватска од самиот почеток, па на полувремето имаа негатива од 8-14.
Во второто полувреме продолжи доминацијата на Хрватска, која играше одлично во нападот, но и одбраната, а на крајот триумфира со 26-18.
Најефикасна во редовите на македонската селекција беше Ива Младеновска со три погодоци, додека по три гола за Хрватска запишаа Јосипа Мамиќ, Тина Баришиќ и Николина Крагуљ.
Македонија утре го игра последниот тест против Србија од 16 часот.