Мекгрегор прогласен за виновен во случајот со силување

Контроверзниот борец Конор Мекгрегор беше прогласен за виновен во случајот за силување на Никита Хенд во 2018 година.

Судот донесе одлука дека Никита не се согласила да има сексуални односи со борецот, но Мекгрегор ја натерал на такво нешто.

На борецот му беше изречена парична казна и ќе мора да ѝ исплати отштета од 248.603 евра на Никита.

Ова не е прво обвинение за силување против Мекгрегор бидејќи минатата година „ТМЗ“ објави дека тој насилно натерал жена на секс со него во машки тоалет за време на финалето меѓу Мајами хит и Денвер нагетс.