Екс-фудбалер на Барселона ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами неодамна остана без тренер, откако Герардо Мартино си даде оставка, но наскоро на кормилото на екипата би можел да седне поранешен фудбалер на Барселона.

Хавиер Маскерано е најсериозен кандидат за тренерското столче на Интер Мајами, па така би можел да го зголеми бројот на поранешни членови на Барселона кои се преселија во тимот од МЛС-лигата.

Како една од можните опции за нов тренер на Интер Мајами се споменуваше и Чави, но очигледно испаднал од конкуренција.