Реал Мадрид пронајде засилување за кое ќе плати два милиони евра?
Станува збор за 17-годишниот Арон Мартин кој е член на шпански Тенерифе и во јавноста во Шпанија е споредуван со Педри од Барселона. Покрај Реал Мадрид Мартин е следен и од тимот на Севиља.
Неговата позиција е среден играч за врска и во просек со своите 17 години поминува 56 минути по натпревар. Сезонава тој собра осум првенствени натпревари во кои постигна еден гол и еднаш асистираше.
Ако се остварат најавите за негов трансфер во Мадрид веројатно би започнал со настапи во вториот тим, а подоцна би добил шанса и во првиот.