Аморим пука од самодоверба: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер јунајтед

Португалскиот тренер Рубен Аморим неодамна седна на кормилото на премиерлигашот Манчестер јунајтед и со нетрпение го чека дебито на кормилото на „црвените ѓаволи“ кое е закажано за недела од 15.30 часот против Ипсвич.

Аморим пука од самодоверба по доаѓањето на „Олд Трафорд“, иако немаше многу време да работи со новите фудбалери и смета дека може да го врати тимот на врвот.

„Сметам дека сум вистински човек во вистинско време. Јас сум вистинскиот човек за оваа работа“, кажа Аморим.

„Ѓаволите“ во моментов се на 13. место во шампионатот со 15 освоени бодови.