Куртоа одби да игра за Белгија, причината е - селекторот Тедеско!

Искусниот голман Тибо Куртоа го одби повикот од Белгија затоа што е во лоши односи со селекторот Доменико Тедеско.

Куртоа уште во август најави дека повеќе нема да го носи дресот на националниот тим сè додека селектор е Тедеско.

Извршниот директор на фудбалскиот сојуз на Белгија, Питер Вилемс минатата недела го посетил Куртоа во Мадрид и разговарал за ситуацијата.

Голманот го повторил неговиот став и посочил дека нема да се врати во селекцијата сè додека не се промени селекторот.