ФИФА мислеше на се: Меси ќе игра на клупското СП иако не заслужи
Како што е познато летото 2025 година Америка ќе биде домаќин на првото Светско клупско првенство во нов формат. Меѓутоа многу се пишуваше околу клубовите кои ќе учествуваат, а сега во центарот на вниманието е Интер Мајами.
ФИФА на време донесе одлука првиот во регуларниот дел од МЛС лигата да обезбедува учество, интересно, баш кога Интер Мајами го обезбеди првото место пред плеј-офот.
Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино сакаше да се обезбеди дека Лионел Меси ќе биде дел од натпреварувањето и не сакаше да ризикува со евентулна елиминација во плеј-офот што на крајот и се случи. Интер Мајами беше поразен од Атланта која регуиларниот дел од МЛС лигата го заврши на деветтата позиција.
Сепак, без разлика што плеј-офот брзо го завршија Интер Мајами ќе се натпреварува со најдобрите светски клубови. Светското клупско првенство ќе се одржи од 15 до 13 јули.