Снајдер има четири фаворити за Мундијалот: Ќе биде лудо!

Поранешниот холандски фудбалер, Весли Снајдер во разговор за шпанска „Марка“  ги избра своите четири фаворити за освојување на Светското првенство наредното лето.

Според Холанѓанецот најголеми шанси да стигнат до трофејот наредното лето имаат: Португалија, Шпанија, Франција и Бразил.

„Ако морам да изберам четири репрезентции кои за мене се фаворити најдалеку да стигнат тоа би биле: Португалија, Шпанија, Франција и Бразил. Конкуренција е сега посилна. Сите се многу блиску, ќе биде лудо. Англија исто така има силен тим, како и Холандија. Можеби и Германија ќе се врати на својот пат, кој знае, ќе видиме“, истакна Снајдер.

Во својата кариера, Снајдер играше за: Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Галатасарај, Ница и Ал Гарафа, а освои вкупно 19 клупски трофеи..

Снајдер играше како класична „десетка“, меѓутоа според него таа позиција во фудбалот денеска речиси и да не постои.

„Улогата на број десет е минато. Јас бев вистинска „10-ка“, како во старите времиња. Тоа сега е минато. Она што сега е важно за фудбалерите од средниот ред е да бидат одлично физички подготвени. Јас бев играч за врска, мојата работа беше да помагам на напаѓачите, а не да го покривам целиот терен, таа улога „офанзивен играч за врска“, денеска ја нема во ниту еден тим во Европа“, смета Снајдер.

Фото: EPA