Вардар го дозна распоредот за главната рунда од ЕЛ – почнува дома против Германци!
Црвено-црните почнуваат на домашен терен кон средината на февруари следната година и тоа против германскиот Мелсунген, кој единствен пренесува максималните 4 бода во оваа рунда. Вардар и Кристијанштад започнуваат со по 2 бода, додека Бенфика влегува без пренесени бодови.
Пласманот во нокаут-фазата ќе зависи од позициите по завршувањето на групата – првопласираниот тим обезбедува директно четвртфинале, додека второто и третото место водат во осминафинале.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
17 февруари: Вардар – Мелсунген
24 февруари: Бенфика – Вардар
3 март: Вардар – Бенфика
10 март: Мелсунген – Вардар