Охриѓани немаа милост, девет пати ја тресеа мрежата на Големо Коњари!
Екипата на Охрид која има одлична прилика да ја заврши полусезоната како есенски шампион немаше милост и до врв ја наполни мрежата на Големо Коњари славејќи победа од 9-0 на гостински терен.
Големо Коњари е последен на табелата и во 14 кола има дури 13 порази, па така победата на гостите од Охрид беше и очекувана. Во првото полувреме охриѓани постигнаа три гола, додека уште шест додадоа во вториот дел.
Со овој триумф Охрид скокна до третата позиција каде што се израмни со Брегалница со 33, додека Шкендија Арачинов во овој момент е лидер со 35. Сепак, Охрид има и уште еден натпревар помалку па со триумф против Слога Виница в недела би ја преземал лидерската позиција.
Во вториот дуел кој беше одложен во рамките од 13. коло Тетекс и Кожуф во Тетово ремизираа без голови 0-0.