ЕХФ се поклони пред фантастичниот Вардар – го издвои цепелинот на Малус и Хориха (ВИДЕО)
Играта на црвено-црните и пред сѐ атрактивните потези на ракометарите на македонскиот тим го привлекоа вниманието дури и на луѓето од Европската ракометна федерација (ЕХФ).
На социјалните мрежи на европската Куќа на ракометот беше потенциран цепелинот помеѓу Малус и речиси сигурно новиот македонски репрезентативец, Хориха, за кој е побарано мислење од фановите за најпрецизен збор со кој може да се опише оваа мајсторија.