Хачанов спаси пет меч-топки, Медведев за 52 минути прегази Јапонец!
Настапот на рускиот играч кулминираше во решавачкиот трет сет каде што се најде во критична ситуација, спасувајќи четири можности за победа на противникот при сопствен сервис и негатива од 5-6. Драмата продолжи и во тај-брејкот, каде што Хачанов спаси уште една меч-топка при резултат 6-7, пред целосно да ги сврти работите во своја корист и да триумфира.
„Немам зборови. Поминав низ многу тешки моменти на теренот, но по вакви тешки победи олеснувањето е огромно. Започнав силно, но потоа тој ги крена вртежите и ме стави под сериозен притисок. Ги наоѓаше вистинските удари, играше сè помоќно и попрецизно... Морав навистина да останам фокусиран до самиот крај“, изјави видно возбудениот Хачанов по големиот триумф.
За 30-годишниот Хачанов ова е вкупно 70. четвртфинале во професионалната кариера и прво на турнир во сала по Париз во 2024 година. Тенисерот, кој е шампион во Алмати од 2024 година, се наоѓа во одлична форма од почетокот на септември, забележувајќи полуфинале на Ју-Ес Опен, четвртфинале во Пекинг и осминафинале во Шангај. Во битката за пласман во полуфиналето тој ќе се соочи со третиот носител, Александар Бублик.
Бранителот на титулата, Данил Медведев, немаше никакви проблеми и лесно се справи со Јапонецот Шо Шимабукуро (6-2, 6-1). Првиот носител, кој го брка својот четврти трофеј оваа сезона, апсолутно доминираше на теренот и го заврши мечот за само 52 минути, забележувајќи 20 винер-удари наспроти само девет неизнудени грешки.
„Сакам да играм во сала. Излезе одличен натпревар – одличен резултат и совршено темпо. Многу сум задоволен од нивото што го прикажав“, истакна Медведев по брзата победа.
Со овој триумф, 30-годишниот Медведев направи уште еден важен чекор кон обезбедување пласман на завршниот АТП турнир. Тој во моментов ја зазема шестата позиција во трката за Торино и има предност од 590 бодови пред десеттопласираниот Алекс де Минор, кој е прв под цртата за пласман и не учествува на турнири оваа недела.