Милевски: Чест ми беше што ја водев Македонија - заминувам горд на фудбалерите!

Откако пред неколку дена Фуддбалскат федерација на Македонија и официјално потврди дека нема да му биде продолжен договорот на селекторот Благоја Милевски, сега и тој се збогуваше од репрезентацијата.

Милевски испрати писмо до навивачите во кое се заблагодари на сите претседатели на Фудбалската федерацијата за времето додека тој беше дел од репррезентацијата, како селектор на сениорите, но и претходно додека ја водеше селекцијата до 21 година.

„Драги поддржувачи на македонската репрезентација,

Би сакал да изразам искрена благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и до сите претседатели на нашата федерација, Илчо Ѓорѓиоски, Муамед Сејдини и Масар Омерагиќ, кои од 2014 година, обезбедуваа услови и поддршка што ни овозможија да постигнеме резултати вредни за историјата на македонскиот фудбал.

Посебна благодарност упатувам до претседателот Масар Омерагиќ за континуираната и јасна поддршка во изминатиот период. Таквите основи се неопходни за секој професионален процес да функционира стабилно. Во фудбалот, како и во секоја друга област.

Особено сум горд на нашите фудбалери. Нивната енергија, посветеност и упорност  ни донесоа победи и резултати кои ќе останат во сеќавање. Тие покажаа што значи да се игра за Македонија и тоа ме исполнува со вистинска гордост.

Благодарен сум и на мојот стручен штаб, медицинскиот и логистичкиот тим за професионалноста и соработката. Секој од нив ја вршеше својата работа тивко и прецизно, како дел од една целина што мора да биде усогласена за да успее.

Чест ми беше да ја водам репрезентацијата и да бидам дел од овој заеднички труд. Јас и во иднина ќе бидам со репрезентацијата, со внимание, поддршка и почит“, стои во обраќањето на Милевски.

Инаку, во овој момент кандидати за негов наследник се поранешниот селектор Игор Ангеловски и актуелниот тренер на Вардар, Гоце Седлоски, повеќе на оваа тема можете да прочитате - ТУКА.