Една од најсексапилните фудбалерки во светот ќе го носи олимпискиот оган!

Една од најпознатите и најатрактивни фудбалерки во светот, Алиша Леман, ќе биде дел од избраниците кои ќе го носат олимпискиот оган пред отворањето на Зимските олимписки игри Милано–Кортина д’Ампецо 2026.

ЗОИ ќе се одржат од 6 до 22 февруари 2026 година, на повеќе локации низ Ломбардија и северна Италија. Штафетата со олимпискиот оган тргна од планината Олимп на 26 ноември, а предвидени се девет станици во Грција пред да пристигне во Атина на 4 декември, кога ќе се одржи официјалната церемонија на предавање.

Меѓу имињата избрани да го носат факелот се наоѓа и Златан Ибрахимовиќ, поранешна фудбалска ѕвезда и актуелен советник во Милан, како и поранешниот италијански репрезентативец Чиро Ферара, кој беше дел од националниот тим кој го освои 4. место на Летните олимписки игри во Сеул во 1988 година.

Отворањето на ЗОИ 2026 е закажано за 6 февруари на легендарниот стадион „Џузепе Меаца“ во Милано.