Атаман збесна поради судиите и беше испратен на ладење (ВИДЕО)

Турскиот стручњак Ергин Атаман беше исклучен од денешниот пријателски дуел против Макаби поради жестока расправија со судиите.

Бранителот на титуката во Евролигата, во Никозија се сретна со тимот од Израел, а Макаби славеше со 88-85 и му покажа на ПАО дека не е толку моќен колку што се чини. Развојот на настаните не му се допадна на Атаман кој во еден момент влета во теренот, му се внесе в лице на еден од судиите, а неговиот колега без размислување го испрати во соблекувална.

Панатинаикос добро играше на подготовките, но денеска наиде на цврст тим на Макаби кој ќе има што да каже во новата сезона.