Миовски не доби шанса во ЛШ: Жирона загуби од ПСЖ (ВИДЕО)

Шпанската екипа Жирона загуби на гостувањето кај ПСЖ со 0-1 во првото коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

ПСЖ ја контролираше играта во двете полувремиња, па во првиот дел создаде дури шест шанси, додека Жирона немаше ниту еден удар кон противничкиот гол.

Парижаните го засилија темпото во вториот дел и постојано се закануваа кон голот на гостите, кои успешно се бранеа сè до 90. минута кога Нуно Мендеш погоди за 1-0.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски не доби шанса и остана на клупата за резерви.