Селтик со „петарда“ за Слован, реми на Манчестер сити и Интер (ВИДЕО)
Манчестер сити и Интер одиграа одличен меч и двете екипи имаа голем број шанси, меѓутоа голманите Едерсон и Зомер беа на висина на задачата.
Селтик постигна еден гол преку Скалес во 17. минута, додека во вториот дел погоди преку Фурухаши и Енгелс за 3-0.
Слован Братислава покажа знаци на живот, па преку Вимер намали на 1-3, но потоа Селтик со уште два гола го потврди триумфот (5-1).
Клуб Бриж издржа дури 76. минута против Борусија Дортмунд, по што почна распадот и загуби со 0-3, а головите за гостите ги постигнаа Бајно-Гитенс и Гираси.