Интер запре серија долга пет години на Манчестер сити

Манчестер сити и Интер одиграа без голови (0-0) на почетокот на групната фаза во новото издание на Лигата на шампиони (ЛШ).

Калчолигашот успеа да запре неверојатна серија на Манчестер сити која траеше дури пет години во елитното натпреварување.

Ремито на „Итихад“ ја запре победничката серија на „граѓаните“ кои секогаш победуваа на домашен терен во ЛШ во изминатите пет години.

Последен меч кога премиерлигашот не успеа да победи беше во сезоната 2019/20 против Шахтер на „Итихад“.