„Ќе го оставиме срцето на терен за Македонија“
Марко Митев пред натпреварот кажа дека со нетрпение го очекуваат почетокот на турнирот, каде што ќе се обидат да се прикажат во најдобро светло.
„Имавме долго време да се подготвиме и да го анализираме првиот ривал. Унгарија е фаворит во нашата група, а тоа го покажуваат и резултатите. Иако сме аутсајдери во овој натпревар, сепак наша цел е да се надигруваме со ривалот и трпеливо да ја чекаме нашата шанса. Сите во тимот сакаат да го дадат максимумот. Ќе го оставиме срцето на теренот за Македонија“, кажа Митев.
Македонската репрезентација го игра првиот меч на СП против Унгарија утре од 20.30 часот.