Волфсбург пукна „петарда“, победи и за Франкфурт и Леверкузен

Фудбалерите на Волфсбург триумфираа со 5-1 против Борусија Менхенгладбах, додека Ајнтрахт Франкфурт славеше со 4-1 против Фрајбург.

Винд во третата минута од пенал го отвори резултатот и донесе предност за Волфсбург, по што домаќините во вториот дел се разиграа и стрелаа преку Маеле, Арнолд и Нмека за водство од 5-0, по што Фукуда во завршницата намали на 1-5.

Фрајбург погоди во 37. минута за предност од 1-0, но потоа Коч стрелаше во 43. минута за 1-1. Во вториот дел Франкфурт го сврте мечот во своја корист со головите на Мармуш, Екитике и Колинс.

Леверкузен славеше со само еден гол во мрежата на Мајнц, а истиот беше дело на Грималдо на стартот на второто полувреме.