Манчестер сити прокоцка победа, а Челси се спаси од пораз (ВИДЕО)

Гигантите ниту вечерва не беа на потребното ниво, па така Челси ремизира против Бормут (2-2), додека Манчестер сити одигра 2-2 против Брентфорд.

Челси имаше добар почеток на средбата и водство од 13. минута по голот на Кол Палмер, но во второто полувреме целосно се променија работите.

Лошата реакција на одбраната на Челси му подари пенал на Бормут, а потоа Клајверт од пенал погоди за 1-1, по што Семењо постигна маестрален гол за целосен пресврт (2-1).

„Сините“ се спасуваа од пораз во судиското надополнување, кога Рис Џејмс од слободен удар израмни на 2-2.

Манчестер сити со двата голови на Фоден во 66. и 78. минута поведе со 2-0, но потоа Виса и Норгард стрелаа за реми (2-2).

На третиот меч кој се играше во истиот термин, Вест хем славеше со 3-2 против Фулам.