Тео Ернандез во Милан сруши рекорд на Малдини

Екипата на Милан во вчерашниот натпревар од Серија А славеше победа над Комо со 2:1, а овој натпревар ќе го памети дефанзивецот Тео Ернандез.

Ернандез постигна еден од головите во победата од 2:1 и така дојде до бројката од 30 голови што е најмногу во историјата на Милан кога во прашање се фудбалерите од последната линија.

Рекордот се до вчера го држеше легендарниот Паоло Малдини кој во кариерата во Милано успеа да постигне 29 голови.

На табелата Милан е на седмото место со 31 бод, додека Комо на 16-тото место освои 19 бодови.