Германскиот шампион продава напаѓач во С. Арабија за 50 милиони евра

Актуелниот германски шампион Баер Леверкузен наскоро би можел да остане без еден од најдобрите напаѓачи, а тоа е Виктор Бонифејс.

Бонифејс не се појавил на денешниот тренинг на бундеслигашот, затоа што бил на состанок за трансфер во Ал Наср.

Клубот од Саудиска Арабија е подготвен да плати 50 милиони евра за потписот на Бонифејс, а напаѓачот сака да го облече дресот на Ал Наср.

Ова ќе биде голем удар за екипата на Чаби Алонсо затоа што Бонифејс по доаѓањето во тимот постигна 29 голови и 11 асистенции на 49 настапи за „фармацевтите“.