Седлоски во Вардар донесе уште еден играч што го тренираше и во Шкупи!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар продолжи со засилувањата пред вториот дел од сезоната, па така денеска го промовираше 31-годишниот Фаустин Сенгор.

Сенгор игра на стоперската позиција, а последниот настап го имал преклани во редовите на турскиот клуб Гиресунспор. 

Сенегалецот веќе има искуство и во Првата македонска фудбалска лига каде што играше за Шкупи под водство на актуелниот стратег на Вардар, Гоце Седлоски.

„Црвено-црните“ претходно се засилија со Мато, Пинтер, Јанкулов, Маневски, Цикарски, Тодоровски, Спахиу, Талески, Талевски и Матиќ.

Вардар по 18 одиграни кола во домашното првенство се наоѓа на претпоследното место со 13 освоени бодови.