Светски шампиони во уметничко лизгање биле меѓу патниците во авионот кој се урна!

Во близина на Вашингтон се урна патнички авион на Американ ерлајнс со 64 патници откако се судри со воен хеликоптер, потрагата по преживеани уште трае.

Двете летала завршиле во реката Потомак, а во авионот биле и светските шампиони во уметничко лизгање од 1994 година, Евгенија Шишкова и Вадим Наумов.

Според инфомрациите Шишкова и Наумов биле на првенството во САД во уметничко лизгање кое се одржувало во Казнас, а на кое настапувал нивниот син Максим Наумов и кој таму го освои четвртото место. Нема информација дали и тој бил во авионот.

Во авионот била и поранешната лизгачка Ина Волјанскаја, бронзена медалистка во парови. А сега работела како тренер.

Информацијата подоцна ја потврди и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Можеме да ја потврдиме оваа тажна информација. Лоши вести пристигнаа од Вашингтон. Во авионот имаше повеќе наши граѓани“, рече Песков изразување сочувство до семејствата и пријателите на руските граѓани кои загинаа.

Досега се пронајдени најмалку 18 безживотни тела. А најдени се и две црни кутии.