Брера ги врати Михаилов и Ивановски
26-годишниот Михаилов е играч за врска во средината и нападот. Тој во својата кариера освен за Брера има играно и за Беласица, Хоризонт Турново, Осогово Кочани а беше дел и од австриски Маршвалд. Во есенскиот дел на првенството Михаилов ги бранеше боите на Тиквеш од Кавадарци каде немаше доволна минутажа, а забележа 14 првенствени настапи.
Со Михаилов доаѓа и Зоран Ивановски кој игра на крилната позиција. И тој е играч на Брера, а во својата кариера освен за струмичкиот тим има настапувано и за Беласица, Детонит, Брегалница. Своевремно беше член и на младинските фудбалски репрезентации на Македонија. 24-годишниот Ивановски доаѓа од штипска Брегалница а во својата кариера има голем број прволигашки првенствени настапи