Официјално: Џерард остана без клуб
Ал-Етифак донесе одлука за разделба со Џерард откако овој клуб забележа само две победи и осум порази во 14 првенствени натпревари поради што тимот остана на 12. место на табелата.
Легендата на Ливерпул со Ал Етифак потпиша двегодишен договор во 2023 година, а подоцна истиот го продолжи за уште две. Под водство на Џерард Ал-Етифак беше шести минатата сезона, додека пред неговото именување клубот заврши на седмата позиција.
„Сакам да ја изразам својата благодарност на клубот, фудбалерите, навивачите и сите вклучени на приликата и поддршката во текот на моето време тука. Научив навистина многу и беше позитивно искуство за мене и моето семејство, но фудбалот е непредвидлив и понекогаш работите не одат онака како што посакуваме“, изјави Џерард.
Џерард во својата тренерска кариера во 2021 година го водеше Ренџерс до првата титула во шкотската Премиер лига по десет години, а потоа се пресели во Астон Вила каде што не му одеше и тимот со него победи само на два од првите 12 натпревари во сезоната 2022/2023.
Thank you Steven Gerrard🙏#Ettifaq💚❤️ pic.twitter.com/8TMWjOfNni
— Ettifaq Club (@Ettifaq_EN) January 30, 2025