Нејмар со емотивно видео го потврди враќањето во Сантос

Безмалку 13 години откако си замина, бразилскиот напаѓач Нејмар денеска се врати во својот матичен клуб Сантос.

Претходните денови многу се зборуваше за тоа, а денеска најдобриот стрелец во историјата на бразилската репрезентација со видео го потврди кам-бекот меѓу „црно-белите“.

Последен пат Нејмар беше член на Сантос во 2012 година по што се пресели во Барселона и со тоа почна неговиот лет кон ѕвездите. За жал, не го искористи целосно својот фудбалски потенцијал и покрај тоа што добро ја наплати својата играчка кариера.