Дувњак не можеше да ги запре солзите: Ми се сруши светот по повредата, сега можам мирно да заминам
Иако не влезе на теренот, беше огромна поддршка за своите соиграчи кои се надминаа себеси и ја растурија Франција. Дувњак по мечот беше мошне емотиве, не можеше да ги запре солзите, но успеа да каже неколку реченици.
„Не знам што паметно да кажам, голема благодарност за момците и прекрасната публика. Ќе ми пукне срцето од возбуда, во шок сум. По повредата ми се сруши светот, но сега со мирно срце можам да ја напуштам репрезентацијата. Ова ќе го памтам цел живот. Одиме во Осло, сеедно ни е против кого ќе играме во финалето, вечерва славиме, а од утре фокусот е на мечот за златото“, рече, меѓу другото, Дувњак.