Срна: Не сме свесни што направивме
Ракометарот на Загреб постигна седум гола, некои од нив во најтешките моменти за неговиот тим, кога Франција се закануваше дека може да направи пресврт. По мечот, Срна призна дека уште е во делириум од она што се случуваше во загрепската Арена.
„Не сме свесни што направивме, поемотивни сме дури и од мечот против Унгарија. Сега се е в ред, сигурно имаме медал и можеме барем мирно да спиеме. Не критикуваа со причина, ние го поднесовме тоа, молчевме и работевме. Сигурдсон донеше нешто ново, да бидеме поммирни во некои ситуации и да не не носат емоциите. Ако го повториме овој настап, сите ќе имаат проблем со нас, мораме така и против Данска, ако се сретнеме во финалето“, изјави Срна.