Јунајтед доминантно до осминафиналето од Лигата Европа (ВИДЕО)
Можеби во домашното првенство не им оди најдобро, но „ѓаволите“ покажаа дека со право се меѓу фаворитите за трофејот во Лигата Европа. Во последниот меч, кој директно одлучуваше дали ќе биде во топ-8, Јунајтед славеше на гости кај Стеауа со 2-0.
Головите паднаа во второто полувреме, во период од само осум минути, а ги постигнаа Далот и Мејну. Можни противници на Јунајтед во осминафиналето се Митјиланд, АЗ Алкмар, Галатасарај и Сосиедад и со кого и да игра, ќе биде фаворит.
Најголем губитник во последното коло е тимот на Андерлехт кому му требаше барем бод против Хофенхајм за да заврши меѓу најдобрите осум, но загуби на домашен терен со 3-4.