Голманот Иљази го напушти Шкупи, ќе брани во Косово

Чуварот на мрежата на Шкупи кој беше и капитен на тимот, Артан Иљази заминува од Чаир и кариерата ќе ја продолжи во редовите на косовскиот Балкани.

Трансферот во Косово за Иљази ќе биде негов прв интернационален, а пред Шкупи 25-годишниот голман бранеше за Шкендија и Гостивар.

Во изминатата полусезона голот на Шкупи го чуваше на 12 натпревари и во нив на три успеа да ја сочува „чиста“ својата мрежа.

Кога е екипата на Балкани во прашање, тие се второпласирани на табелата во Косово, а сезонава ја бранат шампионската титула.