Готово е: Елмас потпиша за Торино за плата од 1,5 милиони евра до јуни (ФОТО)
Тој доаѓа во во таборот на италијанскиот прволигаш како позајмен фудбалер од Лајпциг, каде што би можел и да остане по следното лето ако членот на Серија А ја искористи можноса за откуп на неговиот договор за отштета од 17 милиони евра.
Според медиумите во Италија, Торино ќе ја покрие платата на Елмас во износ од 1,5 милиони евра, колку што ќе треба да заработи до јуни. За Македонецот ова е втор тим во Серија А по Наполи, каде што мина четири ипол сезони и на 189 средби постигна 19 гола со 11 асистенции.