
Ивановски по голема борба загуби во првото коло на челинџер турнирот во Троа!
Првиот сет помина без брејк, во осмиот гем при водство на Емери, Ивановски спаси четири брејк топки. Сетот отиде во тајбрејк, а во него Македонецот имаше сет топка, сепак Французинот го доби со 8-6 во поени.
Во вториот сет Французинот направи брејк во петтиот гем за водство од 3-2 во гемови што се покажа како решавачко, притоа во 10. гем на сервис на Емери се водеше голема борба Ивановски спаси две меч топки, а и не реализраше две брејк топки за изедначување, но противникот во самата завршница од мечот сервираше одлично.
Ивановски следната недела го очекува настап на челинџер турнирот во романскиот град Јаши.