
Јасмин Мециновиќ ја засили одбраната на Работнички
34-годишниот фудбалер не се изнаигра многу во Вардар, па мораше да ја промени средината за да добие повеќе минути. Нов клуб на Мециновиќ е Работнички.
Мециновиќ е играч со големо искуство во македонскиот фудбал, досега го носеше дресот на Скопје, Пелистер, Струга, Турново, Ренова, Македонија ЃП, Беса и Вардар, а промени и неколку клубови во странство.