И Лаказет замина во Саудиска Арабија, потпиша за клуб кој постои две години!

Александре Лаказет направи трансфер од Лион во Саудиска Арабија каде потпиша за клубот ФК Неом.

Францускиот фудбалер замина на печалба, тргна по петродоларите,но одбра необичен клуб, име за кое ретко кој слушнал во Европа.

Тој потпиша за ФК Неом, клуб кој постои од декември 2023 година кога оваа компанија станала сопственик на клубот Ал-Сукор.

Од новата сезона тие за првпат ќе се натпреваруваат во најсилната саудиска лига, а Лаказет им е првата ѕвезда.