
Најголемиот македонски талент на само 17 години доби повик за сениорскиот национален тим
Големиот талент во моментов, кој настапува за Водно Санс, ќе се најде на списокот на селекторот Марјан Илиевски за августовските претквалификации за СП 2027. Јаничиќ можеби се уште е тинејџер, но е меѓу најперспективните играчи во земјата, а неговото вклучување во сениорскиот тим се смета за голем чекор во неговата кариера. Повикот беше официјално потврден од неговиот клуб преку социјалните мрежи.
Репрезентативните подготовки започнуваат на 10 јули во Скопје, по што следуваат дваесетина дена интензивни тренинзи и пријателски натпревари. Македонија ќе одигра два тест-дуели против Швајцарија, на 25 и 29 јули во Гевгелија. Претквалификациите стартуваат на 2 август со натпревар против Романија на домашен терен, а потоа следуваат гостувања кај Унгарија и повторно кај Романија. Циклусот го завршуваме на 20 август со дуел во Скопје против Унгарците.
Пласман во квалификациите за следниот Мундобаскет ќе обезбедат двете најдобри репрезентации во групата.