
Ракитиќ стави крај на фудбалската кариера, ќе добие нова улога во Хајдук
Ракитиќ завршува со активното играње на фудбал, но ќе остане во Хајдук во друга функција. Тој ќе биде дел од тимот на новиот спортски директор, Горан Вучевиќ.
Хрватот имаше опција да го продолжи договорот за уште една сезона, но не се појави на почетокот од подготовките на Хајдук, а тоа беше сфатено како наговестување за крај на кариерата кое сега го потврди Гонзало Гарсија.
Иван Ракитиќ во својата кариера го носеше дресот на Барселона, Севиља, Шалке, Базел, Хајдук...
Ги помина сите младински селекции на швајцарската репрезентација, а кога дојде време за сениорите одлучи да игра за Хрватска за која запиша 106 настапи.
Во својата витрина има многу трофеи, освоени особено додека беше член на Барселона со која четирипати беше шампион на Шпанија, еднаш ја освои Лигата на шампионите, четирипати триумфираше во шпанскиот куп. Со Севиља двапати ја освои Лига Европа.