
Станува тензично во Интер, Чалханоглу му одговори на Лаутаро!
Нероаѕурите синоќа со 2-0 загубија од Флуминензе во осминафиналето на СПК и го заокружија очајниот крај на сезоната, откако претходно останаа кратки и во Купот на Италија, Серија А и Лигата на шампиони.
Очигледно новиот неочекуван пораз донесе тензија во Интер, па Лаутаро Мартинез (иако директно не го спомна името) го нападна Хакан Чалханоглу, кој во последно време е во фокусот на јавноста поради можноста да направи трансфер во Галатасарај.
„Имаме јасна порака, секој што сака да остане, треба да остане, тие што не сакаат да останат, треба да си замина. Играме за важен клуб, носиме голем дрес и мора да се бориме за титули“, гласеше пораката на капитенот.
Хакан Чалханоглу реши да не молчи, па објави долг пост на социјалните мрежи.
„По повредата што ја заработив во финалето од Лигата на шампионите, одлучивме да патувам со тимот во САД, да им дадам поддршка на момците не можев да играм“, напиша Чалханоглу на Инстаграм.
„За жал, за време на тренингот во САД, заработив уште една повреда, па дефинитивно отпаднав од комбинација“.
„Вчера загубивме, и тоа боли. Чувствував тага, не само како играч, туку како некој кому навистина му е грижа за Интер“.
„Иако сум повреден во моментот, веднаш по натпреварот се јавив на неколку соиграчи за да им го подигнам моралот – затоа што тоа го правиш кога ти е грижа за тимот.“
„Она што уште повеќе ме изненади беа зборовите што потоа следуваа. Зборови што болат. Зборови што разделуваат, а не обединуваат“.
„Во мојата кариера, никогаш не сум барал изговори. Секогаш сум преземал одговорност. Играв дури и со болки, водев, особено во тешки моменти – не со зборови, туку со дела“.
„Го почитувам мислењето на другите, и на соиграчите, и на претседателот на клубот, но почитта не може да биде еднострана“.
„Секогаш сум покажувал почит, и на теренот и надвор од него, и верувам дека и во фудбалот, како и во животот, вистинската сила е во тоа да покажеш почит – особено кога емоциите се силни“.
„Никогаш не сум го изневерил овој клуб. Никогаш не сум рекол дека не сум среќен во Интер“.
„Имаше понуди во минатото, прилично примамливи. Но решив да останам, затоа што знам што значи овој дрес за мене, и верувам дека моите постапки зборуваа доволно“.
„Имав чест да ја носам капитенската лента на мојата репрезентација, и таму научив дека вистински лидер е оној што стои покрај своите соиграчи, а не оној што бара виновници кога тоа е полесно“
„Ја сакам оваа игра, го сакам овој клуб и ги сакам боите за кои се борам секој ден“.
„Што носи иднината? Ќе видиме“.
„Но, историјата секогаш ќе ги запомни тие што останале исправени, а не тие што најгласно викале“.
Ваквата објава беше лајкната и од Маркс Турам, што сигурно ќе донесе нови поделби во соблекувалната на Интер.