
Никола Ѓорѓиев ќе го вади одбојкарскиот леб во деветта различна земја!
Преселбата во романскиот состав преку социјалните мрежи ја потврди самиот Ѓорѓиев нагласувајќи дека Романија ќе биде деветта земја во која ќе игра во неговата кариера.
„Во мојата 21 интернационална сезона ќе играм за екипата на Рапид Букурешт од Романија. Ќе биде ова деветта земја во мојата интернационална кариера и едвај чекам да ги запознаам моите нови соиграчи, тренери, фанови и заедно да се бориме да освоиме трофеи за овој прекрасен клуб. Нека биде Бог со нас“, напиша Ѓорѓиев.
Во својата кариера Ѓорѓиев покрај Македонија и сега Романија досега настапуваше во: Србија, Италија, Турција, Јапонија, Полска, Германија и Словенија.