
На повидок пресврт: Шешко пристигнува во Премиер лигата, но не во Јунајтед?
Наводно, неговите агенти не добиле понуда од „црвените ѓаволи“ и целата ситуација може да ја искористи Њукасл кој е подготвен да го доведе како замена за Исак кој сака нов предизвик во кариерата и може да заврши во Ливерпул.
Лајпциг за услугите на Шешко бара 70 милиони евра и тоа нема да биде проблем бидејќи се очекува клубот од „Сент Џејмс Парк“ со продажбата на Исак да заработи над 100 милиони евра.
Една понуда која изнесуваше 120 милиони евра и веќе беше одбиена. Њукасл со Шешко би добил фудбалер кој може да биде одлична замена за Исак, но исто така и би зачувал дел од парите што ќе ги заработат со заминувањето на својот најдобар фудбалер.
Фото: RB Leipzig/X