Ѓоковиќ ги разочара фановите, ќе пропушти уште еден турнир!

Новак Ѓоковиќ нема да настапи ниту на мастерсот во Синати кој во кариерата го освојуваше три пати, потврдија организаторите на турнирот.

Српскиот тенисер веќе го пропушти мастерсот во  Тороно, а ако за тој се очекуваше поради краткото време за одмор по Вимблдон, оваа одлука на Ѓоковиќ е изненадување.

Покрај Ѓоковиќ потврдено е дека на турнирот нема да се појави и неговиот сонародникот, Ласло Ѓере, како и шестиот тенисер во свтот, Себастијан Корда.

Враќање на Ѓоковиќ на терените сега може да се очекува на Ју-Ес Опен.

Фото: EPA