
Ангеловски му се враќа на фудбалот - ќе биде тренер на Косово!?
Приштина е во потрага по наследник на Арсим Таќи, а како што се истакнува Ангеловски во овој момент е главен кандидат да го наследи и наводно шансите двете страни да се договорат се големи. Во овој момент тимот привремено го предводи, Блерим Буњаку кој ја извршуваше улогата на помошник на Таќи.
Aнгеловски најголемиот успех во тренерската кариера го направи како селектор на Македонија со пласманот на Евро 2020, а без ангажман е од јули 2023 година кога ја напушти клупата на Каспиј. Претходно ја водеше и хрватска Горица, пред да стане селектор на Македонија одлични резултти бележеше со Работнички каде што еден период беше и спортски директор.