Стрелецот на еден од најубавите голови во Премиер лигата ќе игра на Тајланд

Поранешниот репрезентативец на Англија, Андрос Таусенд кариерата ја продолжува на Тајланд каде што ќе игра во клубот Канчанбури Пауер кој е негов 16. во кариерата.

Таусенд на Островот го паметат и по спектакуларниот гол со волеј против Манчестер сити во сезоната 2018/2019 кога го носеше дресот на Кристал палас, а сега ќе игра фудбал на Тајланд.

Во прашање е клуб кој е основан пред осум години и оваа година за првпат ќе играат во најсилната конкуренција, па така одлучија и сериозно да се засилат.

Низ својата  кариера Таусенд собра 13 натпревари за репрезентацијата на Англија во кои постигна и три погодоци.