
Работнички и Силекс први ќе го тестираат новиот ВАР систем на ФФМ!
Први можноста да го тестираат системот на кој се работи во изминатите месеци ќе имаат екипите на Работнички и Силекс во пријателски натпревар.
Натпреварот ќе се одигра на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ со почеток од 18:30 часот.
Инаку, досега во Македонија ВАР се користеше само во финалето од Купот на Македонија и натпреварите на репрезентацијата.