
Денвер конечно му донесе вистинска центарска поддршка на Никола Јокиќ
Ветеранот Диандре Џордан веќе не е во состојба да го заменува Јокиќ, па се чини дека искусниот Валанчиунас е вистинското решение за таа позиција.
По трејдот во кој Мајкл Портер Џуниор заедно со пикот од првата рунда за 2031 година е пратен во Бруклин Нетс за Камерон Џонсон, новиот генерален менаџер на Денвер, Џонсон Кренке повлече нов добар потег со ангажманот на литванскиот центар.
Денвер долго време немаше вистинска замена за Јокиќ, а тоа се чувствуваше во натпреварите кога Србинот ќе седнеше на клупата.